Ако им се верува на медиумите од регионов најдобрата машка македонска ракометна репезентација може да ја очекува едната од двете вајл-карти предвидени за Европа, за настап на завршницата од Светското првенство кое идната година ќе се одржи од 14-31 јануари во Египет. Наскоро се очекува првите луѓе на светскиот ракомет да ги објават репрезентациите кои ќе ги добијат „вајлд-карта“. Покрај Македонија која заврши како 15. пласирана на последното ЕП годинава, втората вајлд-карта се споменува дека ќе оди кај Полска, иако аплицираа за административно учество на мундијалот и селекциите на Србија, Црна Гора и Русија.
Без да се играат баражите за настап на СП-2021, во кој Македонија требаше да се соочи со Франција, по административен пат беше одлучено слекциите кои на ЕП-2020 завршија до 14. место дирекно да патуваат на СП-2021.
Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа истакна дека и покрај пандемијата на коронавирус, нема да се одложи ракометниот мундијалот.