Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈСП Скопје денескаво скопската населба Влае, односно на автобуската постојка кај мостот “Влајко“ реализираа превентивни активности во насока на справувањето со актуелната пандемија од Kовид 19.
Притоа беа делени заштитни маски, со кусо информирање на граѓаните за оваа заштитна мерка донесена во рамки на владините уредби и одлуки за справување со епидемијата. Оваа превентивна активност насочена примарно кон граѓаните кои што ги користат услугите на ЈСП Скопје ќе продолжи во наредниот период.
Инаку превентивните активности имаат за цел подигнување на јавната свест, а целокупната кампања има едукативен карактер, и тие ќе траат се додека се на сила мерките и одлуките на Владта на РСМ по однос на справувањето со епидемијата од Kовид 19.