За милионите на Лагерфелд на суд се борат две жени, пет мажи, но мачката има најголеми шанси

Карл Ото Лагерфелд беше германски моден дизајнер, креативен директор на „Шанел“, уметник и фотограф, кој целиот живот го помина во Париз. Роден е на 10 септември 1933 година, а почина на 19 февруари 2019 година, на 85-годишна возраст.

Славниот дизајнер почина пред нешто повеќе од една година од рак на панкреасот, а  зад себе наследство достојно за титулата „император на модата“, која ја носеше долго и успешно, со силна доза ексцентричност, дрскост и способност да провоцира различни чувства кај сите.

Богатството на Лагерфелд според различни извори се проценува меѓу 200 и 300 милиони евра, а списокот на негови наследници, според тестаментот што се чува во Монако, е сведен на две жени, пет мажи и една мачка, Чупет, која во последните години од неговиот живот била важен дел од животот на дизајнерот. Неодоливата мачка е во центарот на правната битка што може да трае со години.

Наследниците се расправаат за тоа кого Лагерфелд сакал повеќе и кој колку пари ќе добие, а исто така се закануваат со тужби во случај еден од нив да не биде задоволен од поделбата.

Во тестаментот се наоѓа и Себастијан Џондо, поранешен боксер, кој стана модел и кој беше со Лагерфелд две децении. Тој му беше и телохранител и возач, а исто така велат дека тој седел покрај смртната постела на дизајнерот, држејќи го за рака до последен момент од животот.

Друг Французин, Баптиста Џиабикони, е еден од омилените модели на Лагерфелд уште од 2008 година и вели дека на Карл му бил како син.

На списокот се наоѓа и Британецот Џејк Дејвис, уште една машка муза на дизајнерот и заштитно лице на голем број негови кампањи и модни ревии.

Треба да знаете
Последни објави