Трипуновски: „Проектот зелена нафта“ се покажа како најголема измама

Интегрален текст од изјава на Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

„Третиот пакет на антикризни мерки на Зоран Заев и СДСМ за земјоделците кои помпезно ги најавуваа е чиста измама. Заев за 2020 година вети покривање на 50% од трошоците за гориво на земјоделците, за потоа на шверцерски начин со владина уредба  да скрати 100 милиони денари од мерката која помпезно ја најави.

Заев уште еднаш ги изманипулира земјоделците. Првин вети 280 милиони денари за покривање на потребите на така наречениот проект зелена нафта за потоа со владина уредба од 09.06.2020 година да скратат 100 милиони денари. Скратените 100 милиони денари СДСМ ги префрла во ставката неисплатени субвенции од предходни години што само по себе е доказ дека СДСМ ги нема исплатено субвенциите кон земјоделците. Со овој потег првин ги излажаа земјоделците дека ќе им дадат поддршка при купување на нафта во висина од 50% од потребната количина, а воедно и признаваат дека дефицитот во буџетот за земјоделие е огромен, а долговите кон земјоделците милионски.

Така наречениот Проект зелена нафта иако почна со реализација со задоцнување од 2 години и кој го најавуваа како пресвртна точка во земјоделството се покажа како најголема измама. Дополнително проектот е непрактичен и не го решава проблемот на земјоделците со рентабилноста на производствто затоа што земјоделците кои добиле картички, понекогаш треба да патуваат и по повеќе од 10 километри за да стават гориво за 500 или 1000 денари.  Зоран Заев и СДСМ само уште еднаш ги изманипулираа земјоделците. Земјоделецот е понижен со СДСМ. Од земјоделие тешко се преживува. Го клекнаа на колена чесниот и работлив македонски селанец. Времето на понижување поминува. СДСМ наскоро заминува во опозиција, а со нив и сите проблеми на земјоделците.

Треба да знаете
Последни објави