(Видео) Полицajците во САД масовно ја напуштаат службата

По убиството на Џорџ Флојд, американскиот систем е под притисок поради повикот на јавноста за длабоки промени.

Демонстрантите бараат од властите да ги повикаат полициските службеници на одговорност за своите злосторства и да насочуваат помалку средства за нивно финансирање – во надеж дека тие средства би можеле да бидат пренасочени кон други работи.

Многу локални власти реагираа брзо на барањата на јавноста, ветувајќи понатамошни реформи и брза акција во контекст на полициската бруталност.

Сепак, во некои делови на САД, полициските управи се соочуваат со сопствена криза, а некои полицајци одлучиле да ја напуштат службата.

Во Минеаполис, најмалку седум полицајци поднеле оставка поради ситуацијата, а околу десетмина од нив се во процес на заминување, изјави портпаролот за „Си-ен-ен“.

Во отворено писмо тие ги осудија постапките на Дерек Ковин, полицаецот кој со коленото го притискаше вратот на Џорџ Флојд.

„Дерек Човин не успеа како човек и го лиши Џорџ Флојд од достоинство и живот. Ние не сме такви“, се вели во писмото потпишано од 14 службени лица.

Атланта стана епицентарот на протестите откако во петокот беше убиен Афроамериканецот Рејшард Брукс.

Шефицата на полицијата поднесе оставка, полицискиот службеник кој го уби беше отпуштен од работа, а неговиот помошник доби работа во администрацијата.

Полицајците во Јужна Флорида тврдат дека се загрижени за нивната безбедност и дека се чувствуваат ограничени заради политизацијата на нивното однесување.

Тие тврдат дека се минимално опремени и обучени, а 10 поднеле оставки.

Исто така, тие не се задоволни од фактот што командантите клекнаа на едното колено како поддршка на демонстрантите.

Во Бафало во сојузната држава Њујорк, речиси 60 службеници поднесоа оставки. Имено, објавено е видео во кое локалната полиција е фатена како турка постар демонстрант на земја. Полицајците тврдат дека само извршувале наредби.

„57 члена поднесоа оставка поради третманот на двајца членови кои само извршуваа наредби“, изјави официјалниот претставник Џон Еванс за „Си-ен-ен“.

Треба да знаете
Последни објави