Песков: Поставени се дезинфекциски тунели за заштита на здравјето на Путин

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков потврди дека се поставени специјални тунели за дезинфекција во Кремљ и во резиденцијата на Владимир Путин во Ново-Огариово, преку кои мора да поминат сите што доаѓаат да го посетат, јави руската новинска агенција ТАСС.

– Дезинфекциските тунели се поставени во екот на епидемијата со цел заштита на здравјето на претседателот Путин поради актуелната состојба со коронавирусот, рече Песков.

Тој додаде дека резиденцијата во Ново-Огариово стана главно место за работа на рускиот претседател во последните месеци, покрај Кремљ. 

Треба да знаете
Последни објави