УЕФА одлучи за Лига Европа да финишира со мини турнир во Германија

Завршницата во фудбалската Лига на Европа ќе се игра на мини турнир од четвртфиналето, вклучително, а натпреварите ќе бидат само со еден натпревар, одлучи УЕФА.

Натпреаврите ќе се играат од 10 до 21 август на стадионите во Германија – во Келн, Дизелдорф, Дуизбург и Гелзенкирхен. Осминафиналните реванш дуели ќе се играат на 5/6 август.

Два натпревара од осминафиналето не започнаа воопшто – Интер против Хетафе и Севиља против Рома. Конечните победници во овие парови ќе бидат утврдени на само еден натпревар – во Германија.

Градот Гдањск, кој требаше да биде домаќин на финалето оваа сезона, ќе ја има оваа чест во следната сезона.

Треба да знаете
Последни објави