Премиерот на Британија, Борис Џонсон учествувал во сообраќајна несреќа откако демонстрант скокна пред конвојот.
Според „Скај њуз“, сè се случило пред парламентот во Лондон, додека премиерот се враќал во Даунинг стрит.
Демонстрантот скокнал пред конвојот и првото возило запрело, предизвикувајќи следното возило да удри во првото возило и така дошло до мал судир.
Скај објави дека на автомобилот на Борис Џонсон е видливо оштетување. Даунинг стрит објави дека никој не е повреден во сообраќајката.
WATCH: PM in Car Crash as Protester Charges at Convoyhttps://t.co/00SVxCst2D pic.twitter.com/SPUnOrV26Y
— Guido Fawkes (@GuidoFawkes) June 17, 2020