Пратеничката на СДСМ од последниот парламентарен состав, Снежана Калеска-Ванчева, во вечерашното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија со став дека Договорот од Преспа донесе само придобивки за државата и дека името на државата не беше сменето, туку само доби географска додавка што пак доведе до отворање на европските и евроатлантските перспективи на државата.
“Ние за жал веќе навикнавме на реториката на ВМРО-ДПМНЕ во текот на овие три години и ова е нивна секојдневна реторика. Но, пред вистината и боговите молчат. Колку и да не сака ВМРО да прифати, вистината е дека во овие три години нашата држава направи крупни чекори напред. Денеска се две години од потпишувањето на Преспанскиот договор, а овој договор е одраз на храброст и визионерство на политичари и политики кои се грижат за сопствениот народ затоа што тој договор овозможи конечно да го затвориме повеќедеценискиот спор без којшто, да не заборавиме, не можевме да помислиме ниту на НАТО, ниту да започнеме преговори за членство во ЕУ. Мислам дека тоа на сите ни е јасно.
За договорот се разговараше таму каде што требаше да се разговра. Сите клаузули од тој договор беа транспарентни, за тој договор дискутиравме кога ги имавме уставните промени. Ние ставивме географска додавка на нашето име, ние не го сменивме името. Името е Република Северна Македонија. Зборот Македонија не беше избришан, македонскиот јазик не беше избришан. Само да ве потсетам нешто што не можело ни да се сонува дека ќе се случи, сега се случува. Нашите соседи сега објавуваат преводи од поезијата на Блаже Конески и го величаат како исклучителен поет, писател и македонист. Ние сите знаеме кој е Блаже Конески иако ВМРО-ДПМНЕ никогаш немале пиетет спрема Блаже Конески и за нив беше “џуџето од Небгрегово”. Сега целиот свет знае кој е основношположник на македонскиот јазик. Ние ништо не изгубиме, ние добивме многу” – заклучи Калеска-Ванчева.