Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери по рекордните 193 новозаразени случаи, од кои најголем дел, или 140, се од Скопје вели дека поголемиот број на новозаразените се од постоечки кластери, но факт е дека има и нови.
Тој во вечерашното вклучување во Топ Тема изјави дека заразата главно се шири меѓу членовите на семејствата во скопските општини Чаир, Аеродром, Гази Баба, Центар и Бутел.
-Обемот на работа е доста зголемен и освен нашите епидемиолози, денеска во Комисијата за заразни болести беше дискутирано да ни се придружат на помош доктори од Трудова медицина и епидемиолози од Воената болница- рече Зибери.
Тврди дека здравствените власти ја имаат под контрола целата ситуација и дека сега во функција се ставени и други капацитети, како монтажната болница и приватните клиники.