„ Со прекршување на мерките за заштита од вирусот и сето тоа што го правеше ВМРО ДПМНЕ, целото политиканство за одлагање на изборите, на крајот не успеа. СДСМ прифати избори уште во декември, пред да се појави корона вирусот. Ние уште тогаш кажавме дека сме подготвени затоа што веруваме во довербата на граѓаните и веруваме дека ќе ни дадат мандат за да имаме функционални институции. Постојано имавме купување на време од ВМРО ДПМНЕ, за недела до две на крајот испадна работата, но сега имаме ситуација дека се е исполнети сите услови и дека можеме да одиме на избори“- изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вестите на телевизија Канал 5.
Објасни дека изборите се неопходни за политичкиот систем, но и за продолжување на мерките за справување со здравствената и економската ситуација.
„Единствена држава сме во Европа која нема парламент, туку само техничка влада. Овој систем не е одржлив и понатаму. Но, она што е важно, сега се виде дека на ВМРО ДПМНЕ не му било здравјето на граѓаните приоритет, туку мораа да прифатат избори на крајот, и еве сега имаме избори на 15 јули, а потоа ќе имаме и нов парламент и нова влада“- дополни Николовски.