Повеќе од 50 проценти од руските граѓани заразени со коронавирусот не покажуваат никакви симптоми, изјави Ана Попова, раководител на руската Федерална служба за мониторинг на правата на потрошувачите и благосостојба на човекот.
-Доколку зборуваме за асимптоматски пациенти, понекогаш и до 60 проценти се такви, но во целина, статистиката зборува за 50 проценти од откриените заразени, кажа Попова во телевизиско интервју.
Таа додаде дека ова е многу добар показател за земјата, бидејќи тоа значи активно откривање на случаите.