Столтенберг: Решението е во разговорите меѓу Белград и Приштина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбрег, ги поздрави иницијативите за продолжување на дијалогот меѓу Србија и Косово, како единствен начин за решение на проблемот.

„Го поздравувам фактот дека претставниците на Косово и Србија зборуваат, бидејќи единствениот начин да се решат предизвиците во регионот и несогласувањата за Косово е во разговорите за политичкото решение”, кажа тој.

По дводневните разговори меѓу министрите за одбрана на НАТО, Столтенберг изјави дека не сака да шпекулира за резултатот од средбата на претставниците на Србија и на Косово, организирана од САД, на 27 јуни, но, исто така, истакна дека го поздравува дијалогот.

„Мислам дека не е лесно, но е важно тие да се сретнат. Важно е, по подолг период без вистински состанок,  дијалогот да продолжи и тоа е првиот чекор во вистинска насока”, рече Столтенберг.

Тој процени дека и Србија и Косово признале дека тензиите мора да се намалат и дека мора да се најде начин за напредок.

Генералниот секретар на НАТО потенцира дека Алијансата продолжува со своето присутна на Косово со 3.000 до 4.000 војници, кои обезбедуваат безбедно опкружување за сите етнички групи во Косово.

Треба да знаете
Последни објави