Празни плажи, бесплатни лежалки, цени на пијалоци како лани

 

Од туристите на стартот од сезоната во Грција нема ни трага ни глас. Плажите се празни. Многу хотели се затворени. Шанковите на плажите и рестораните зјаат празни. На северот од Грција има само по некој турист од Србија кои побрзаа преку Бугарија да стигнат до саканите дестинации.

Што се однесува до цените кои ги дочекаа ретките гости велат дека се идентични како и минатото лето. Некои угостители не ги наплатуваат лежалките и чадорите за сонце.

Во Олимпскиот регион има повеќе отворени објекти, но малку гости. Тука цените се движата за пијалок на плажа од три до четири евра, со вклучена лежалка и чадор за сонце. Популарното гиро се продава од 2,5 до 3 евра.

И во Торони на вториот прст од Халкидики сликата е речиси идентична. Малку гости, празни ресторани и барови на плажата. Лежалките и чадорите се наместени по плажата на бараните физички растојанија поради пандемијата од коронавирусот.

-Казните за непочитување на здравствените препораки им се големи и се движата до 5.000 евра. Чадорите за сонце се одвоени едни од други најмалку четири метри. Овде сите мораат да носта заштитни маски, исклучок се туристите, чија обврска е да ги дезинфицираат рацете. Половина од рестораните не работат, бидејќи нема за кого. Се отвораат некои само за време на викендите. Сега е време за вистинско уживање. Очекувавме пониски цени, но не е така. Лежалките на плажа сега им се бесплатни – пренусува впечатоци еден од ретките српски туристи.

 

Треба да знаете
Последни објави