Нов Зеланд ги заостри законите за поседување оружје

Нов Зеланд ги заостри законите за регистрација на оружје, ветување што го даде владата откако вооружен маж уби 51 муслимански верник во најголемото масовно пукање во земјата минатата година.

Ова е втор пакет на закони преку кои Нов Зеланд спроведува реформи во врска со контролата на оружјето по масакрот во Крајстчрч“, извршен од бел супрематист кој ги уби своите жртви со полуавтоматско оружје.

Построгите закони за оружјето ќе стапат на сила следната недела откако парламентот ќе го усвои предлог-законот.

Најзначајната промена се однесува на новиот регистар на оружје кој носителот на лиценца ќе треба да го обновува секој пат кога ќе купи или продава оружје.

„Новиот закон е дизајниран за да спречи огненото оружје да падне во погрешни раце. Тој за прв пат појаснува дека поседување огнено оружје е привилегија, ограничено на одговорни иматели на лиценци“, рече министерот на полицијата Стјуарт Неш.

Другите измени вклучуваат забрана за поседување огнено оружје со висок ризик, како што се полуавтоматски пушки, построги правила за дилери на оружје и намалена должина на дозволи за огнено оружје од 10 до пет години за прва лиценца и за оние чија лиценца е одземена или истечена.

Треба да знаете
Последни објави