Кина се закани со контра-мерки за САД, откако Вашингтон најави санкции против таа земја поради односот кон Ујгурите. Кина побара официјален Вашингтон да престане да се меша во нејзините внатрешни работи.
Во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи се наведува дека САД мора да ги сносат сите последици од одговорот од Пекинг и побара Вашингтон да престане да ги загрозува интересите на Кина.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предлог-закон за воведување санкции кон Кина поради репресија на Пекинг врз кинеското ујгурско малцинство со муслиманска вероисповед.
Во исто време, контроверзната книга на поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, која крена голема прашина во Вашингтон, објави сведочења за тоа како Трамп наводно ја охрабрил Кина да не ги затвора присилните работни логори за малцинските групи.