Напаѓачот на германскиот фудбалски бундеслигаш Лајпциг, Тимо Вернер, потпиша договор со Челзи, објавено е на официјалната веб-страница на клубот од Лондон.
Дваесет и четиригодишниот Германец потпиша петгодишен договор. Остатокот од сезоната ќе го помине во Лајпциг. Напаѓачот ќе му се придружи на Челзи во јули, по лекарските прегледи.
– Ние сме многу задоволни што Вернер реши да ни се придружи. Тој е играч кого го бараше цела Европа и тоа не е изненадувачки. Нестрпливи сме да го дочекаме Тимо да биде во тимот, но дотогаш му посакуваме него и на Лајпциг се најдобро оваа сезона, се вели во соопштението на Челзи.
Досега оваа сезона, Вернер одигра 43 натпревари за Лајпциг, постигна 32 голови и 13 асистенции