Француска елитна единица за разбивање демонстрации денеска уапси неколку членови на чеченската заедница, по ноќните насилства во градот Дижон, соопшти полицијата.
Немирите избувнаа во петокот вечер кога околу 100 млади Чеченци од цела Франција дојдоа во предградието на Дижон за да се одмаздат за нападот на еден тинејџер од Чеченија.
Откако насилството се прошири, француската полиција интервенираше и уапси дел од учесниците.
Како што јавуваат француските медиуми, во последните месеци конфликтите се зачестени во предградијата на Франција, каде се воведени рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.