По девет месеци исчекување, 39-годишната актерка Мишел Вилијамс роди бебе. Целото семејство се радува, а особено таткото, театарскиот продуцент Томас Кеил.
Вилијамс се сврши со четири години постариот Кеил кон крајот на минатата година, само осум месеци откако таа експресно се разведе од музичарот Фил Елверум со кого беше во брак нешто помалку од една година.
Вилијамс е мајка на 14-годишната Матилда, која ја доби во врската со починатиот актер Хит Леџер.