Предизборниот молк, во пресрет на парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија, почнува вечерва на полноќ и трае до затворањето на избирачките места во недела, 21 јуни, во 20 часот.
Изборниот молк значи дека кандидатските листи нема да можат да се рекламираат во традиционалните медиуми, ниту да организираат предизборни митинзи, но социјалните мрежи не подлежат на овие ограничувања, каде што партиите можат да ги продолжат своите изборни активности без пречки.
Вкупно 6.583.665 граѓани на Србија имаат право на глас на парламентарните избори и ќе можат да го користат своето право на глас на 8.385 избирачки места. Изборите ќе ги следат 3.341 домашни и 111 странски набудувачи.
На парламентарните избори ќе учествуваат 21 изборна листа.