Најмалку четворица работници загинаа на југоистокот од Турција кога експлодира бомба покрај патот. Како што наведуваат во канцеларијата на локалниот гувернер, бомбата ја активирале курдските сили.
Според информациите, во експлозијата погоден е камион, кој поминувал на патот кога експлодирала бомбата, пренесува „Ројтерс“.
Инцидентот се случил во округот Силопи, во близина со Ирак и Сирија, додека камионот пренесувал гориво наменето за работниците кои учествувале во изградба на пат.
Турското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили погодиле над 500 цели на курдските сили во северен Ирак, во рамки на операцијата против Работничката партија на Курдистан.
Анкара пред два дена ја почна операцијата „Тигрова канџа“ во регионот Хафтанин во северен Ирак.