Кристен Стјуарт ќе ја глуми принцезата Дијана во новиот филм „Спенсер“, пренесува „Дедлајн“.
Дејството на драмата, чиј наслов се однесува на презимето на Лејди Ди пред брак, ќе се одвива во период од три дена во текот на 90-тите години, додека Дијана размислува за својот разнишан брак со принцот Чарлс.
Стјуарт (30) е шест години помлада од Дијана кога се разведе во 1996 година. Принцезата загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, но филмот нема да ја опфати нејзината трагична смрт.
Филмот ќе го режира чилеанскиот режисер Пабло Лариан, кој го режираше филмот „Џеки“, а снимањето е предвидено да започне во почетокот на 2021 година.