ДУИ за фер и демократски избори како што и прилега на членка на НАТО и на кандидат за влез во ЕУ

Со ставањето потпис на Кодексот за фер и демократски избори ДУИ праќа јасна порака и до гласачите и до сите политички учесници дека изборите мора да бидат фер и демократски, како што и прилега на една демократска држава веќе полноправна членка на НАТО и речиси членка и на ЕУ, изјави денеска по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори кандидатката за пратеничка во Изборната единица 1, Шермин Мамут.

-ДУИ во оваа кампања ќе излезе со конкретна програма како што и веќе е почната и секако дека ќе се обидеме да им објасниме на сите зошто треба гласот токму треба да го даваат на ДУИ и секако нивната доверба. Кампањата ќе биде секако презентирајќи ги сите проекти кои се за доброто на сите граѓани во Република Северна Македонија и секако дека ќе се обидеме кампањата да биде премногу позитивна, фер и демократска, изјави Мамут.

Кандидатката за пратеничка на ДУИ истакна дека тие ќе се обидат да бидат до граѓаните, но и дека нема да заборават и на опасностите кои доаѓаат од пандемијата со Ковид – 19.

– За жал под овие услови ќе мора да ја тераме оваа кампања, така што ќе се обидеме да бидат заштитени во целост сите граѓани во РСМ и во текот на кампањата и во текот на изборниот процес во деновите за гласање, истакна таа.

Треба да знаете
Последни објави