Патникот Брендон Страка морал да го напушти авионот на „Американ ерлајнс” кој летал од Њујорк кон Далас, откако одбил да стави маска, што е прв ваков случај во САД.
Конзервативниот активист, кој има голем број следбеници на Твитер, го објави своето искуство во видео, нарекувајќи ја ситуацијата „лудост”, јави Би-Би-Си. Како одговор на видеото на Страка, известувачот на Њујорк Тајмс, Естед Херндон, кој се наоѓал на истиот лет, напишал твит за инцидентот и споделил видео во кое може да се слушне разговорот во авионот.
Во моментов не постои американски закон со кој се бара од патниците да носат маски во авионите, но на авиокомпаниите им е дозволено да спроведуваат свои правила.
На почетокот од неделава „Американ ерлајнс” и пет други авиокомпании соопштија дека на сите кои не носат маски ќе им биде забрането да патуваат во нивните авиони.
Има исклучоци за луѓе кои не можат да носат маски поради здравствени причини.