Вчера го видовме како повторно не ги почитува законите и мерките за заштита. Организирал партиски собир во Ново Лисиче, спротивно на сите мерки и препораки со што директно го загрозува здравјето и придонесува за ширење на вирусот.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголема закана за здравјето на граѓаните. Тие се најголеми непочитувачи на мерките и препораките а нивниот Наќе Чулев намерно го саботира системот одвнатре.
Очигледно, граѓаните треба да внимаваат и да го избегнуваат Мицкоски.
Неодговорниот, незрел и опасен по здравјето Христијан Мицкоски одеше во теретана, кога спортските објекти беа затворени, одеше во кафана во затворен простор, кога тоа беше забрането.
Од самиот почеток на здравствената криза јавноста е сведок на непочитување прописи и мерки од страна на Мицкоски и смислено ширење лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Ги повикуваме граѓаните, сосема спротивно од незрелото однесување на Мицкоски, да ги почитуваат мерките и препораките и да не го следат неговиот лош пример.
Граѓаните на 15 јули уште еднаш ќе го казнат нивното незрело, неодговорно и несериозно однесување.
Заедно со СДСМ ќе се избориме со сите предизвици.“