Играчот од средниот ред на шпанскиот фудбалски првак и лидер во првенството кое штотуку продолжи по принудната пауза поради пандемијата со коронавирусот Барселона, Френки де Јонг, нема да може да настапи на натпреварот од 30-то коло против Севиља, објавено е на официјалната веб-страница на каталонскиот клуб.
Дваесет и тригодишниот Холанѓанец ќе го пропушти натпреварот поради повреда.
Оваа сезона Де Јонг има одиграно 38 натпревари во сите натпреварувања, во кои постигна два гола и направи две асистенции.