Околу 70 нелегални мигранти со брод стигнале во Велика Британија во вторникот во период кога бројот на мигратски преминувања на Ла Манш постави годишен рекорд и покрај тоа што сме само на половина од годинава, пренесува „Дејли мејл“.
Нелегалните мигранти се обиделе да го преминат Англискиот канал и покрај маглата пред да бидат изведени на брегот од страна на граничните сили на Велика Британија. Вкупниот број нелегални мигранти кои пристигнале со брод регистрирани оваа година достигна над 2.000, што е нов рекорд, споредено со 1.890 за цела мината година.
Двајца од околу 70 мигранти се обиделе да го премиат Ла Манш од Франција во мало кану од фиберглас.
Откако на 23 март беа воведени строги ограничувања за движење поради пандемијата со Ковид-19, приближно 1.620 мигранти испловија од камповите во Франција кон Велика Британија и покрај извештаите за појава на Ковид во Кале и во Данкирк.
По придружбата до пристаништето Довер, официјални лица за имиграција им даваат маски на мигрантите, но сепак ретко ги тестираат за вирусот. Како реакција на премините, портпаролот на крајбрежната стража рече:
„Крајбрежната стража на Нејзиното Височество се грижи само за зачувување на животите, спасување на оние што се во неволја и нивно безбедно враќање на брегот, каде што ќе бидат предадени на релевантните служби или надлежни партнери за итни случаи“, додаде тој.
More migrant boats yesterday with landings by UK authorities in Dover and Ramsgate. Clearly, a second port is now being used to prepare for the invasion. Our government says nothing… pic.twitter.com/wNb5e5sdhR
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) June 17, 2020
Поранешниот австралиски премиер Тони Абот петходно изјави дека проблемот со нелегалната миграција со чамци ќе трае сè додека британската влада продолжува да ги носи мигрантите на брегот. Тој рече дека наместо тоа, тие треба да бидат испратени назад во Франција, која е безбедна земја од првиот свет и каде, според меѓународното право, бегалците треба да останат.
„Треба да бидете цврсти за да бидете фер, на крајот на краиштата треба да бидете цврсти и да бидете љубезни, а најубавото нешто што можете да направите е да го прекинете бизнисот со шверц на луѓе. Тоа значи веднаш штом наидете на чамец што шверцува луѓе, го запирате и го враќате назад на местото од каде што дошол “, рече Абот.
Лидерот на партијата Брегзит, Најџел Фараж, кој го обелодени фактот дека француската морнарица активно придружува илегални мигранти во британските територијални води, објави дека во вторникот повеќе мигранти биле донесени и на брегот во Рамсгејт, пристаниште на северот на Довер.
„Сега се користи второ пристаниште за да се подготви инвазијата. Нашата влада не кажува ништо“, напиша Фараж на социјалните мрежи.
Секретарот за внатрешни работи, Прити Пател, наводно, се обидува да обезбеди договор со Франција што ќе ѝ овозможи на морнарицата на Велика Британија да ги врати мигрантите фатени во Ла Манш директно назад во Франција, наместо да ги донесе во Велика Британија, каде веројатно нема да се соочат со депортација.