Две скопјанки биле ограбени утрово во нивниот дом во населбата Црниче, информираше МВР.
На 18.06.2020 во 04,55 часот во Полициска станица Центар, Н.Н.(68) и С.Н.(63), двете од Скопје, пријавиле дека три непознати лица насилно влегле во куќа нивна сопственост на улица Партение Зографски. Натрапниците физички ги нападнале и со закана од нож им извршиле разбојништво при што им одзеле паричник со документи и пари, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.