Младите немаат перспектива со неспособниот СДСМ на власт

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Дамјан Манчевски и Арбр Адеми

 

„СДСМ не носи мерки кои се во согласнност со потребите на младите и граѓаните. СДСМ континуирано носи задоцнети мерки и мерки кои се недоволни и ненавремени.

Кадарот на СДСМ единствено  покажа неспособност во делот на кризен менаџмент и компетенции во борба со корона пандемијата.

Македонија со катастрофалните мерки е пред економски колапс додека младите се оставени на цедило.

СДСМ во изминативе три години  не направи ништо за младите во оваа земја и не исполни ништо од ветеното . Невработеноста на младите во земјава е највисока во регионот додека со корона кризата се очекува вртоглаво  да расте. Во некои делови од државата  долгорочната младинска невработеност  достигнува и до  неверојатни 80 % .

Младите се соочени со бесперспективност сите овие три години со ниту еден сериозен проект или помош за зголемување на вработеноста и нудење на решенија за проблемите на младите луѓе од страна на СДСМ.

СДСМ ветуваше и дека ќе ги донесе технолошките гиганти и Facebook и Google но ништо од ова не исполни.

Неспособноста на СДСМ да се справи со корона кризата дополнително ќе создаде економски последици по целокупното стопанство и зголемувањето и на онака огромната  младинска  невработеноста .

СДСМ не успеа да донесе структурни и суштински решенија и мерки за помош на младите луѓе.“

 

 

 

 

 

 

ВМРО ДПМНЕ ќе го порази вториот вирус со име Зоран Заев и СДСМ. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ . Или обнова или измами. Македонија не заборава и Македонија ќе победи.

Треба да знаете
Последни објави