Зголемување на минимална плата за 40 отсто ќе се исполни колку што го исполнија ветувањето за 100.000 денари плата за докторите

Соопштение до јавноста – реакција на интервјуто на Љупчо Николовски за телевизија Сител

„Николоски ги лаже граѓаните како неговиот шеф Зоран Заев. Ветуваат дека минималната плата ќе ја зголемат за 40%, а ќе ја исполнат исто колку што го исполнија ветувањето за 100.000 денари плата за докторите, ветувањето дека нема да се отвори Уставот на Република Македонија, ветувањето дека ќе се изградат 600 километри автопат итн.

Граѓаните на Република Македонија на неколку пати беа изманипулирани и понижени од оваа влада која распродаде се што е свето на секој еден Македонец.

На таквото однесување и понижување мора да му дојде крајот и сите кои се огрешиле пред законите да сносат кривична одговорност за тоа.

На секого му е јасно дека победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.

Доаѓа време на просперитет, работа, чесност, труд и исполнување на есенцијалните барања на граѓаните за подобар живот.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.“

Треба да знаете
Последни објави