Од недела сите оператори со времени прекини на ТВ програмата

Од недела (21 јуни), кабелските оператори во земјава ќе почнат со времени прекини на реемитувањето на домашните и странските телевизиски канали, со исклучок на Македонската телевизија (МТВ). Операторите тврдат дека протестот е поради неодржливата правна рамка и неприменливите, неодржливи и спротивни на ЕУ директивите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ), што беа донесени од Собранието во февруари годинава, објави „Мета.мк“.

„На операторите им се наметна обврска да гарантираат за авторските права на програми кои тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат, и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност“, велат за „Мета.мк“ од Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ.

Кабелските оператори се назадоволни и од донесената владина уредба од 29 мај годинава, со која оспорениот член 143 од ЗААВМУ бил надополнет со уште една обврска за регистрирање на сите веќе регистрирани странски програмски сервиси во рок од 60 дена од страна на операторите, под услови уредени во членот 143 од Законот.

„Овој рок ќе истече на 08.08.2020 година кога, доколку најитно не се промени нешто, ќе дојде до целосно исклучување на услугите за реемитување на телевизиски содржини од нашата понуда и настанување на медиумски мрак“, посочуваат од Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ.

„Мета.мк“ доби потврда од „А1 Македонија“ и „Македонски Телеком“ дека ќе се приклучат на временото прекинување на реемитувањето на домашните и странски телевизиски канали.

Треба да знаете
Последни објави