Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе ги посети припадниците на Армијата кои им помагаат на локалните институции во расчистување на последиците од невреме во преспанското село Брајчино.
Ангажирањето на армиските припадници е на молба на градоначалникот на општина Ресен бидејќи локалните институции имаат потреба од асистенција и механизација од Армијата со цел да му се помогне на населението во санирањето на последиците од невремето. Припадниците на Армијата ќе помагаат во Брајчино до крајот на овој месец, соопшти МО.