Чавушоглу: Калифа Хафтар веќе нема легитимитет во Либија

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека лидерот на сепаратистичките сили во источна Либија, одметнатиот пензиониран генерал Калифа Хафтар, веќе го нема потребниот легитимитет во земјата и затоа не треба да има дури ни место на преговарачката маса.

-Хафтар веќе нема никаква оправданост. И покрај тоа што немаше легитимитет, изјави Чавушоглу во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен Турк, додавајќи дека со него веќе не вреди да се разговара.

„Пучистите, како Хафтар, веќе не треба да имаат место на преговарачката маса. Веќе не треба да се занимаваме со него”, рече Чавушоглу, пренесе агенцијата Анадолија.

Тој потсети дека се уште нема примирје во Либија, дури и по напорите и разговорите што се водеа во Москва и Берлин.

Чавушоглу, исто така, рече дека безбедносната соработка помеѓу Турција и либиската Влада може да се прошири во наредниот период.

Треба да знаете
Последни објави