Почина славниот Билбо Багинс од филмот „Господар на прстените“

Актерот Иан Холм, најпознат по улогата на Билбо Багинс од трилогијата „Господарот на прстените“, почина денес во Лондон на 88-годишна возраст, јавуваат странски медиуми.

„Со голема тага ве известувам дека Сер Иан Холм почина утрово на 88-годишна возраст. Тој почина во болница, опкружен со семејството и пријателите. Никогаш нема да го заборавиме неговиот шарм, љубезност, дарежливост и талент. Многу ќе ни недостасува”, се вели во соопштението кое го објави неговиот менаџер.

Актерот починал поради компликации предизвикани од Паркинсова болест.

Последните денови на Холм беа документирани во серија пастелни портрети на неговата сопруга Софи де Стемпел.

Холм, кој освои Бафта и беше номиниран за Оскар за неговата улога како тренер на атлетичарот Сем Музабини во филмот од 1981 година „Огнени кочии“, се чинеше дека е повеќе за споредни улоги на екранот, особено откако го напушти театарот во 1976 година поради голем страв од сцената.

Тој ја освои светската публика откако во трилогијата „Господар на прстените“ го играше Билбо Багинс.

На почетокот на овој месец, тој изрази тага што не може да учествува во виртуелно филмско дружење.

„Жал ми е што не ве видов лично, ми недостигате и се надевам вашите авантури ве однесоа на многу места. Јас сум заклучен во мојата хобит куќа во мир и ве поздравувам сите“, рече тој во тоа време.

Покрај трилогијата „Господар на прстените“, тој имаше значајни улоги во филмовите „Петтиот елемент“, „Осмиот патник“, „Од пеколот“, „Ден после утре“, „Авијатичарот“.

Треба да знаете
Последни објави