Во Србија 93 новозаразени од Ковид-19, на респиратори се 18 пациенти

Во Србија во изминатите 24 часа 6.729 лица биле тестирани за коронавирус, од кои 93 биле позитивни, а регистриран е и еден смртен случај.

Од почетокот на епидемијата во Србија од Ковид-19 починаа вкупно 259 пациенти.

Вкупниот број на регистрирани случаи е 12.709, а во моментов се активни 628.

На респиратори има 18 пациенти, еден повеќе од вчера.

Треба да знаете
Последни објави