Филипче: Според епидемиолозите следната недела можно е да спласне и скопското жариште

Венко Филипче во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека непочитувањето на мерките доведе до ваквата состојба.

-Навремено реагиравме на пандемијата со еден пристап што значеше навремена анализа на сите контакти на новозаразените лица и интензивно тестирање на контактите и тоа не доведе да имаме голем број на детектирани случаи. Некаде под 15 отсто е бројот на детектирани лица кои се на болничко лекување, останатите се со полесна клиничка слика и се на домашно лекување, останатите се асимптоматски. Имаме агресивна стратегија, идентификување на сите контакти кои имале претходно контакт со заболени лица, за да го пресечеме ланецот на пренос на инфекцијата и мислам дека во тоа успеавме. Кај нас малку порано почна тој втор бран и ние го идентификувавме дека почна од тие семејни собири во жариштата во Скопје, околината на Куманово, Тетово, во Штип. Освен Скопје другите жаришта спласнаа.

Според епидемиолозите следната недела можно е да спласне и скопското жариште.

Вториот бран дојде малку порано од што го очекувавме. Појавата на овој бран се должи на непочитување на мерките односно потекнува од големи семејни средби, познати се кластерите. Не можат бројките да се споредуваат со другите земји од регионот заради различниот пристап на тестирање, рече Филипче

Треба да знаете
Последни објави