Весковски: ВМРО-ДПМНЕ го делат здравствениот систем на нивни доктори и на наши доктори

Душко Весковски, организациски секретар на СДСМ, во денешното гостување во отворено студио истакна дека е разочаран од однесувањето на опозицијата во услови на пандемија, особено што на тој начин последиците најмногу ги трпат граѓаните и сите здравствени работници.

„Јас искрено сум можеби разочаран од пристапот на политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ за време на кризата, ако добро паметам сите нивни дневни прес-конференции се засновани на бројот на заболени и бројот на починати лица, едноставно не дадоа поддршка на здравствениот систем. Цело време го делат здравствениот систем на нивни доктори и на наши доктори. Напротив, на тие доктори треба да им се даде целосна поддршка. Некои работат по две смени, а некои и три смени само за да им излезат во пресрет на сите граѓани за време на пандемијата. Тие прават вонсериски напори и јас не сакам да користиме политички популизам и политички удари врз министерот Филипче или врз д-р Караџоски и врз сите оние луѓе во здравствениот систем само за евтини политички поени.“ – рече Весовски

Треба да знаете
Последни објави