Четиричлено македонско семејство од Германија, влегло во земјава преку Табановце, двете деца позитивни на Ковид-19

Четиричлено македонско семејство кое се враќало од Германија, попладнево влегло во нашата земја преку ГП „Табановце“, а двете деца од 5 и една и пол година се позитивни на Ковид-19, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.

Порталот пренесува дека мајката и детето се негативни, потпирајќи се на извори на МВР, но ќе бидат во задолжителен карантин поради контактите со децата.

Децата се пренсесени во детската клиника во Козле, која од денеска за прв пат почна да прима пациенти со Ковид-19.

Семејството од Германија патувало со автомобил. Четворицата се тестирале во Ниш, поради правилото дека мора да приложат тест не постар од 72 часа.

Треба да знаете
Последни објави