ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска денес ја злоупотреби својата функција за партиски цели

СДСМ освен што лаже, злоупотребува и државни функции за партиски цели.

Денес Радмила Шекеринска во функција на заменик претседател на Влада го посети Маврово-Ростуше, знаејќи дека таа е носител на Изборната единица 5 и се промовираше себеси.

Притоа скандалот да биде поголем нејзината изјава беше пуштено од маил на Влада на Република Македонија. Доаѓа 15-ти јули кога ќе се стави крај на лагите на СДСМ но и злоупотребите на државни функции за партиски цели.

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Треба да знаете
Последни објави