Интер рутински против Сампдорија

Само една недела по елиминацијата во Купот на Италија, „нероаѕурите“ ја продолжија трката со Јувентус и Лацио за титулата во Серија А.

Интер на домашен терен со 2:1 ја совлада Сампдорија во рамките на 26. коло од Серија и остана во трката за титулата.
Тимот на Конте одлично го започна натпреварот, веќе во втората минута ја затресе мрежата на Сампдорија, но голот на Ериксон беше поништен поради офсајд.

Сепак, осум минути подоцна Ромелу Лукаку ја круниса со гол одличната акција на Лаутаро и Ериксен.
До крајот на првиот дел, Интер зголеми на 2:0 во 33. минута и тоа преку Лаутаро.

Неизвесност во натпреварот внесе Мортен Торсби со голот во 53. минута, но Сампдорија немаше сили да напави изненадување.

Интер со оваа победа остана на третата позиција до 57 бода, шест помалку од лидерот Јувентус на 12. кола до крајот, додека Сампдорија е на 16. позиција со 26 бода.

Треба да знаете
Последни објави