Ким Кардашијан за Каније Вест „Tи си најдобриот татко“

Звездите го одбележуваа Денот на таткото во неделата. Многу од нив го поминаа денот заедно со татковците, а социјалните мрежи беа преплавени со честитки за празникот.

Ким Кардашијан го нарече сопругот Каније Вест „најдобриот татко“, и сподели фотографии од семејството додека се релаксираат на нивниот ранч во Вајоминг.

Правејќи ја приликата дополнително посебна, на реалити sвездата и раперот / моден дизајнер им се придружи таткото на Каније, Реј.

„Среќен ден на татковците на најдобриот татко !!!!“ напиша Кардашијан во објавата на Инстаграм. „Благодарам што го направи животот толку забавен! Ти им даде на нашите деца најубав живот! Те сакам многу!!!“

Треба да знаете
Последни објави