Таа е една од најомилените актерки, па не е изненадување што беше преплавена со љубов од фановите, семејството и пријателите за нејзиниот роденден во саботата.
Сега веќе 53-годишната Никол Кидман сподели видео на социјалните мрежи за да им се заблагодари на своите фанови за честитките и добрите желби.
„Благодарам за целата роденденска љубов“, вели Австралијанката со голем букет цвеќиња во раката.
Потоа сподели Инстаграм-стори во кое објави дека во чест на нејзината 80-годишна мајка Жанел, донирала пари на UN Women, тело на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените.