Кон: Ситуацијата со коронавирусот во Белград е загрижувачка, во јули и се заканува нов бран на цела Србија

Епидемиологот Предраг Кон, кој е член на Кризниот штаб во Србија за борбата против коронавирусот објави на фејсбук дека ситуацијата со Ковид 19 во Белград е повторно загрижувачка. Поради враќањето на студентите по своите домови во текот на јули постои опасност епидемијата повторно да се рашири низ цела Србија.

Но, Кон напоменува дека нема да има нови вонредни ситуации во земјата, а нема да дозволи најстарите лица повторно да бидат затворени. Зголемениот број на новоинфицирани со коронавирусот според него не е последица од фудбалското дерби Партизан – Ц.звезда кое се одигра пред речиси 25.000 гледачи.

-До ново влошување на ситуацијата дојде по 5 јули кога ограничувањето на јавни собири беше до илјада луѓе, а потоа целосно укинато. Немам информации, барем јас дека за тоа е причина дербито кое се одигра на 10 јуни. Од Црна Гора стигнуваат информации дека десетина нивни млади граѓани биле на натпреварот и се инфицирале – напишал Кон.

 

 

Треба да знаете
Последни објави