Во Белград ранет водач на навивачка група на Партизан

Во пукотница со пиштол во Нов Белград ранет е Ненеад Алајбеговиќ (40 г) поранешниот водач на навивачката група „Забранети“ на Партизан, пренесуваат медиумите од соседството. Алајбеговиќ е ранет во потколеницата и со прострелна рана е префрлен во Ургентниот центар во комуникативна состојба, каде му се констатирани полесни телесни повреди.

На Алајбеговиќ непознато лице испукало од пиштол неколку куршуми од кои само еден завршил во неговата нога.

Според медиумите Алајбегоивќ од порано и е позната на полицијата каде има подоебело досие поради сторени повеќе кривични дела меѓу кои и трговија со наркотици. Полицијата работи на расветлувањето на случајот и идентификација на напаѓачот.

Ова не е првпат Алајбеговиќ да биде нападнат, а во пукотниците и повеќепати бил ранет.

Треба да знаете
Последни објави