(Видео) Нов хаос пред и во општинската зграда во Будва

Претствниците на Демократите во општинското собрание на Будва го пробиле кородонот од приватното обезбедување и влегле во зградата. Алекса Бечиќ и одборниците од Демократите влегле во канцеларијата на претседателот на Будва, а поранешниот прв човек на општината Драган Краповиќ порачал дека нема да излезат и дека ќе останата тука да ја чекаат „полициската хунта сите да ги уапси“.

Демократите на Црна Гора објавиле на Твитер дека ја запоседнале канцеларијата на претседателот на Будва.

Во зградата се влезени градоначалникот на Будав Марко Царевиќ и менаџерот на градот Мило Божовиќ пренесувата црногорските медиуми. Царевиќ влегол во својот кабинет и седнал во фотелјата. Владимир Булатовиќ кого неодмана новото општинско мнозинство на седница одржана во еден хотел го избрало за вршител на должноста прв човек на Будва побарал од Царевиќ да ја напушти канцеларијата, а овој не прифатил.

Новиот инцидент и хаосот во и околу општинската зграда на Будва доаѓа само неколку дена откако полицијата ги приведе Марко Царевиќ и уште дваесетина други функционери.

Треба да знаете
Последни објави