(Видео) Пукање во Сиетл и Шарлот, тројца мртви и осум повредени на протести

Едно лице загина во пукање во протестната зона во Сиетл, тоа е второ пукање кое се случило за помалку од 48 часа.

Полицијата напиша на „Твитер“ дека пукањето се случило во близина на центарот на Сиетл, во протестната зона позната како Ц ХОП, и дека едно лице е во болница поради прострелната рана што ја добило во таа пригода.

Портпаролката на Медицинскиот центар Харборвју изјави дека лицето повредено во вчерашното пукање дошло во болница со приватно возило и е во критична состојба. Повредениот човек подоцна починал.

Во протестната зона во Сиетл се случило уште едно пукање во паркот во таа област, кога било застрелано 19-годишно момче и  сериозно повреден 33-годишен маж.

Осомничените во пукањето го напуштиле местото на злосторството и никој не е уапсен, потврдува полицијата. Се уште не е познато дали некој е уапсен за вчерашното пукање.

Две лица загинаа, а седум беа повредени во пукање во најголемиот град во Северна Каролина, Шарлот, соопшти денеска локалната полиција.

Полицијата најпрво на својот профил на „Твитер“ напиша дека едно лице е убиено на самото место и дека неколкумина добиле прострелни рани, сепак, подоцна било објавено дека е потврдено дека две лица починале.

Треба да знаете
Последни објави