Антониа Гиговска се офарба розова, па се сликаше без шминка и ги предизвика колешките

По примерот на светските ѕвезди и Антониа Гиговска направи смела промена на имиџот.

Од Лејди Гага до Кети Пери, многу светски ѕвезди досега ги имаме видено како прават храбар потег и ја бојадисуваат косата во розово.

Сега и нашата Антониа Гиговска одлучи да направи таков експеримент.

Таа покрај тоа што направи смела промена во имиџот, се фотографираше без шминка и ги предизвика и колешките Елена Ристеска, Каролина Гочева, Лина Пејовска, Марија од „Ај Кју“ и Мартија Станојковиќ да го направат истото.

„Ова е доказ дека никој не е совршен. На крајот од денот ја бришам шминката. Јас се сакам себеси без шминка. Јас се чувствувам убаво без шминка“, напиша Антониа во описот на фотографијата на Инстаграм.

Новиот имиџ на Антониа:

https://www.instagram.com/p/CBs74rNHbgs/

Преземено од crnobelo.com

Треба да знаете
Последни објави