Филипче: Медицинскиот персонал е преморен, добивме лек донација од Јапонија

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека досега се хоспитализирани 379 пациенти заразени од Ковид 19.

-Иако има голем број на хоспитализирани, се уште има капацитети. И тоа во Битола, Охрид, Куманово, Гостивар, Штип. Од денеска започнува да се организира и да профункционира лабораторијата во Битола. Во монтажната болница има 60 слободни кревети. Во Козле има само еден хоспитализиран пациент. И покрај тоа што има доволен болнички капацитет, медицинскиот персонал навистина е преморен. Засега добро функционира, но не можеме да издржиме без помош од граѓаните, вели Филипче.

Од анализата на случаите, според извештајот од вкупниот број на позитивни случаи од 12-ти до 20-ти јуни, најголем дел се од Скопје и Тетово. Тие два града се најголеми жаришта во државата.

Заболени се заболени на сите возрасни групи, најзастапена над 60 години, 24,2% а секако има и помлади лица заболени.

Во однос на статистика за смртни случаи, најголем дел се на возраст над 63 години (83%), а останатите се со бројни хронични заболувања.

Денес преку итна неповратна помош, преку Амбасада на Јапонија го добивме лекот Favipiravir, за земјите погодени од вирусот. Добивме за 100 пациенти, а станува збор за антивирусна терапија која се користи за инфлуенцата и уште не е одобрен за ковид-19, во тек се многу клинички испитувања, но од искуства веќе има добри резултати во повеќе земји и за пациенти со ковид-19. Се препишува после бројни анализи на крвта на пациентот.

 

Треба да знаете
Последни објави