Во вечерачното интервју на Канал 5, заменичката претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска во поглед на меѓународно етаблирање на нашата држава изјави дека за кратки три години се направи невозможното. Она што ВМРО-ДПМНЕ не успеа во 11 години.
Зоран Заев пред да отстапи да биде премиер, беше присутен на иста маса со Трамп, Столтенбер, Џонсон, Макрон, Меркел, на маса на која Никола Груевски и никој од ВМРО-ДПМНЕ не може да сонува да припари, и тој премиер не доведе до ова, по сите лаги и колнења, што ВМРО ДПМНЕ ги ширеше цела година да добие членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, порача Шекеринска.