44-годишниот актер е татко на 16-годишниот Џејмс и 10-годишниот Хенри и признава дека одгледувањето деца е потешко отколку глумењето и дека татковството го сменило во целост.
„Моите деца се мои владетели. Во мене будат страв и самоосудување. Тие се најважни во мојот живот, целата моја кариера не може да се спореди со тоа. Не сфаќајте ме погрешно, но да се биде татко на овие две момчиња е најтешкото, но и најзначајното и најубаво нешто што сум го направил досега“, изјави тој за магазинот „ОК!“. Тој исто така рече дека татковството е многу важно за него и дека тоа многу влијаело врз него. „Едноставно, ме менува од ден на ден. Понекогаш, или поголемиот дел од времето, немам претстава што правам, но ги обожавам моите момчиња“, заклучи славниот татко.